Бизнисменот Богдан Срејовиќ, поранешно момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ, се ожени со својата долгогодишна партнерка Јована Љубисављевиќ, објави порталот Нова.
Тие се венчаа во манастирот „Грачаница“, а потоа фотографиите ги споделија на социјалните мрежи.
Инаку, тој е последниот партнер на пејачката кого таа го претстави во јавноста, а по врската со Цеца започна романса со Јована која претходно учествуваше во реални шоуа и беше во врска со Стефан Кариќ.
Љубомората е неопходна во врската, но во нормални граници, сржта е комуникацијата. Имам совршен однос со ќерката на Богдан, многу сум среќна и горда и ништо не би менувала. Јас и Богдан сме една целина, живееме заедно и 99% од времето го поминуваме заедно. Еден ден би правела гала свадба 3 дена и 3 ноќи, а следниот ден би се омажила некаде без никој да знае, но секако ќе бидете информирани – изјави во една прилика Јована.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.