По силниот земјотрес што ја погоди Босна и Херцеговина во кој загина и 27-годишната Елмира Сефо од Столац на социјалните мрежи излезе видео и фотографии по несреќата предизвикана од потресот при кој настрада и младата девојка како резултат на одрон на карпа врз куќата во која живееше со семејството.

Снимките објавени од регионалните медиуми ги покажуваат последиците од ужасниот удар од карпата врз куќата каде биле Елмира со нејзнините најблиски за време на земјотресот.

Според изјавите на комшиите на семејството Сефо огромното парче на карпа паднало врз кровот од објектот при тоа пробивајќи го покривот и внатрешноста на куќата.

Според пишувањата на медиумите Елмира била донесена од Столац во болница во тешка состојба. Била без пулс, притисок и практично без знаци на живот. Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но спас немало. Нејзините родители и сестра се полесно повредени, соопштија од болницата во која беше згрижена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.