Пентагон ги објави своите материјали за НЛО

Наводно, средбите со НЛО (неидентификувани летечки објекти), наводно на Американци им предизвикале изгореници од радијација, оштетување на мозокот и нервниот систем, па дури и „несакана бременост“, се наведува во владините извештаи неодамна објавени според Законот за слобода на информации (ФОИА).

Базата на податоци содржи повеќе од 1.500 страници материјал поврзан со НЛО, објавен од „Advanced Spacecraft Threat Identification Program“ (AAТИП), мистериозен проект на американското Министерство за одбрана кој траел од 2007 до 2012 година.

Иако никогаш не бил класифициран како тајна, AAТИП стана познат на јавноста дури во 2017 година, кога поранешниот програмски директор Луис Елизондо поднесе оставка од Пентагон и објави неколку, сега многу познати снимки од неидентификувани летечки објекти кои се движат на наизглед невозможен начин, пишува „Наука во живо“ (live science).

Набргу откако беше откриено постоењето на ААИТП, американскиот огранок на британскиот таблоид „Сан“ поднел барање преку Законот за слобода на информациите да ги стави на располагање сите документи поврзани со оваа програма. Четири години подоцна, на 5 април 2022 година, Американската одбранбена разузнавачка агенција (ДИА) го прифати ова барање, ставајќи на располагање 1.574 страници материјал.

Според „Сан“, повеќето документи содржат извештаи за биолошките последици од гледањето НЛО врз луѓето, за испитување на напредните технологии како што е полето на невидливоста и плановите за истражување и колонизација на длабоката вселена. Некои делови од документите се „делумно задржани“ поради причини како што се приватност и доверливост на податоците, соопшти ААТИП.

Еден документ што го привлече вниманието беше извештајот наречен „Абнормални акутни и субакутни ефекти врз човечкото и биолошкото ткиво“, од март 2010 година. Во извештајот се опишани наводните повреди на „луѓе сведоци на аномални напредни системи на летала“, „од кои некои може да бидат закана за интересите на Соединетите држави“.

Извештајот опишува 42 случаи од медицински документи и 300 „необјавени“ случаи во кои луѓето претрпеле повреди по наводните средби со „аномални авиони“, вклучително и НЛО.

Во некои случаи, луѓето имале изгореници или други состојби поврзани со електромагнетно зрачење, се вели во извештајот, а некои од нив наводно биле предизвикани од „енергетски погонски системи“.

Во извештајот се наведуваат и случаи на оштетување на мозокот, нерви, палпитации на срцето и главоболки поврзани со овие средби.

Не е познато кој процес на критичко испитување и верификација – и дали воопшто постоел – го користеле ААТИП за да ги истражи овие наводни случаи. „Сан“ се уште не ја споделил целата содржина од извештајот што го добил.

Извештајот, исто така, ги наведува наводните биолошки ефекти од појавата на НЛО врз човечки сведоци помеѓу 1873 и 1994 година, составена од МУФОН (Меѓусебна мрежа за НЛО) – граѓанска непрофитна група која ги проучува наводните гледања на НЛО. Меѓу споменатите ефекти од средбите со НЛО се „необјаснета бременост“, „наводно киднапирање“, парализа и искуства од телепатија, телепортација и левитација.

Извештајот заклучува дека има доволно докази за да се поддржи тврдењето дека „напредните системи веќе се користат“, и дека тие не се целосно разбрани врз основа на податоците со кои располагаат САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.