Впо Берлин е отворен „Сајбордел“, првиот бордел со вештачка интелигенција во светот кој користи секс-кукли за виртуелна реалност.

Со секс-куклите во борделот може да се комуницира со помош на очила за виртуелна реалност.

На прв поглед, берлинскиот сајбордел функционира како обичен хотел. Има приватни апартмани, кои може да се резервираат за неколку часа или за една ноќ, пишува „Њујорк пост“. Забавата почнува при изборот на „друштвото“.

Клиентите избираат „девојки“ само врз основа на список со имиња, како што се Бимбо или Мис Шмит. Тогаш во секоја соба ги чека секс-кукла во природна големина.

Куклите не можат да се движат или да зборуваат, но клиентите комуницираат со нив во виртуелниот свет со носење очила и слушалки за виртуелна реалност. Клиентите, исто така, имаат можност да испраќаат секси пораки со девојките од вештачката интелигенција, благодарение на заводливиот, наменски креиран јазик за вештачка интелигенција.

Ко-сопственикот на „Сајбордел“, Матијас Сметана, вели дека развиваат и роботски кукли кои ќе реагираат на допир и ќе зборуваат во реалниот свет. Тој вели дека „Сајбордел“ станал ѕвезда водилка за новиот секс пазар.

Традиционалните клиенти на борделите ќе исчезнат во следните 10-15 години. Затоа мислам дека секс индустријата сега повеќе ќе се движи кон виртуелната реалност“, коментира Сметана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.