Камерон Синклер и неговите пријатели биле шокирани кога мако ајкула скокнала на палубата на нивниот рибарски брод.

Моментот кога најбрзата ајкула на светот скокнала на палубата на чамец и за малку ќе удрела во група зашеметени рибари е снимен на камера. Снимката споделена од Камерон Синклер, еден од рибарите на бродот, покажува атлантска краткоперкаста мако ајкула како скока од водата додека рибарите го привлекуваат својот улов поблиску до чамецот.

Групата ловела риба крај брегот на Масачусетс во САД во текот на викендот кога морскиот ѕверот слетал директно на палубата. Додека сакале да ја соберат фатената ајкула на задниот дел од чамецот, пред нив се појавила друга ајкула, која се превртела во воздух и удрила во чамецот.

Еден од риболовците го испуштил својот риболовен стап и избегал по скалата додека неговиот пријател бил заробен во аголот. Во овој „воздушен напад“ од ајкулата нема повредени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barstool Outdoors (@barstooloutdoors)

Видеото масовно е споделено на социјалните мрежи и многу љубители на риболов на шега го нарекоа „најлесниот улов досега“.

И сега се се смени, ајкулите доаѓаат по нас! – се пошегува еден корисник.

Според американската Национална океанска и атмосферска администрација, мако ајкулите се наведени како „забранет вид“, што значи дека не можат да бидат убиени или земени како улов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.