Селфито одамна е еден од најпопуларните начини луѓето да се изразат себеси. Сепак, има познати туристички места ширум светот, каде што во последнава деценија се воведуваат правила против тоа фамозно „селфи“.

Ова се неколку такви примери.

Без разлика каде ќе се најдете во Њујорк, на пример, забрането е фотографирање со животни, како лавови, тигри и други. Овој закон е донесен во 2014 година, со цел ограничување на „блискоста“ меѓу луѓето и животните, како и спречување повреда или нечија смрт. Иако на многу луѓе им е логично дека не треба да се приближуваат до диви животни, и на другиот брег на САД, за Езерото Тахо во Калифорнија, властите морале да донесат закон за забрана на сликање со мечки.

Во Куќата за накит во Лондонската кула во Велика Британија, посетителите може да го разгледаат скапоцениот накит, којшто се наоѓа близу вооружени стражари. Сепак, тие се само за набљудување, бидејќи сликањето не е дозволено на ова место.

Откако неколку луѓе, извршувајќи верски должности во Мека, Саудиска Арабија, потоа објавуваа и фотографии на својот интернет-простор, саудиските власти го забранија сликањето на двете најпознати свети места – Светата џамија во Мека и Џамијата на Пророкот во Медина.

Во 2015 година, „Железничката компанија на Западна Јапонија“ воведе закон со којшто се забранува селфи со држач. Причината е заштита од паѓање на шините и од заплеткување со надземните кабли што може да предизвикаат струен удар за луѓето.

Од 2014 година, и на плажите „Гаропе“ во Франција има забрана за посетителите да прават селфи. Соопштението гласи дека целта е да се спречат луѓето „да се фалат со својот одмор“. Тука има и полиција којашто би спречила обид за правење селфи.

Селфито е забрането и во Памплона, Шпанија, каде што се одржуваат светски познатите трки со бикови, со цел спречување повреди и нечија смрт. Казната е исфрлање од трката, 3.000 фунти глоба, а може да се оди и в затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.