Замокот „Холм“ во Лондон, Велика Британија, е ставен на продажба. Цената која се побарува е 250 милиони фунти, односни, речиси 285 милиони евра, што го прави најскапиот имот во светот.

Дворецот се наоѓа во Риџентс Парк – еден од осумте кралски паркови во англиската престолнина.

Ако замокот се продаде по бараната цена, тоа ќе биде најпрофитабилниот договор за имот во историјата на градот (рекордот во мигов изнесува 210 милиони фунти – 240 милиони евра). „Холм“, исто така, е и најскапиот дом во светот, надминувајќи го апартманот од 250 милиони долари што сѐ уште е на продажба, а се наоѓа на врвот на кулата „Централ Парк“ во Њујорк.

Вилата „Холм“ е дизајнирана од архитектот Децимус Бартон во 1818 година. Досега била сопственост на членови на саудиското кралско семејство, а се продава како дел од отплата на заемот.

Има 40 спални соби, се наоѓа на 1,6 хектари земјиште и вклучува и осум гаражи, тениско игралиште, сауна и библиотека.

Замокот со 45 соби, познат како „Рутланд гејт 2-8а“, претходно беше најскапата куќа за продажба во Лондон. Имотот со поглед на Хајд Парк, беше на пазарот за 205 милиони евра во октомври лани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.