Иако не помина долго време откако „СпејсИкс“ се бореше да стигне до орбитата, неговиот основач и извршен директор Илон Маск сега најавува транспорт на луѓе на Марс.

На 31 мај, „СпејсИкс“ ја одбележа 10-годишнината од првата мисија со капсула „Драгон“ наречена КОТС2, која вклучуваше патување до и од Меѓународната вселенска станица. Само неколку години претходно, на 28 септември 2008 година, компанијата достигна до орбитата за време на четвртиот обид за лансирање на ракетата „Фалкон 1“.

И покрај честите претерувања на Маск, тешко е да се оспори неговиот успех кога се во прашање вселенските летови. Тој сега преку Твитер објави уште еден амбициозен план поврзан со ракетата „Старшип“ и патување на Марс.

Според Маск, „СпејсИкс“ има намера да произведе повеќе од илјада ракети „Старшип“ за транспорт на „живот“ на Марс. Тоа би било нешто како „многу модерна Ноевата арка“, напиша Маск во својот твит. „СпејсИкс“ има намера да ја постигне оваа цел до 2050 година.

Компанијата на Маск допрва треба да го лансира „Старшип“ во орбитата, а тоа треба да се случи ова лето иако Федералната агенција за авијација ја одложува еколошката проценка на вселенското летало.

„Старшип“ ќе се состои од два дела, првиот е ракета висока 70 метри опремена со вкупно 33 мотори „Раптор 2“. Истоименото летало „Старшип“ високо 50 метри ќе биде поставено на врвот на ракетата.

Сепак, плановите на Маск не се совпаѓаат со плановите на НАСА. Тој порача дека „СпејсИкс“ ќе ги испрати првите луѓе на Марс до 2050 година, додека НАСА ја објави истата цел, веројатно со помош на „СпејсИкс“, до 2030-тите или 2040-тите.

НАСА неодамна објави 50 клучни цели што сака да ги постигне пред и за време на првата мисија на Марс. Еден од проблемите е деградацијата на мускулите на астронаутите до тој степен што тие би можеле да се мачат да одат кога ќе дојдат на Црвената планета.

Колонизацијата на Марс ќе биде неверојатно бавен процес полн со обиди и грешки. Затоа НАСА планира прво да испрати научници на Марс, додека Маск вели дека „речиси сите“ ќе можат да патуваат на Црвената планета, а кои ќе можат да платат 100.000 долари за билет за да одат и да живеат на Марс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.