„Голф“ двојка е еден од култните автомобили на Балканот, но своја популарност има во САД, каде што возило од овој модел неодамна бил продаден на аукција за неверојатна цена од 80.000 евра.

Толку висока цена е постигната затоа што двајца купувачи се натпреварувале толку жестоко што ја подигнале цената до небо, со што на крајот достигна вредност многу пати поголема од парите потребни за купување на нов „Голф“.

Текот на аукцијата течел со вообичаен ритам до сумата од околу 35.000 долари, а потоа со своите понуди се истакнале двајца корисници Кбод и Паблов. Останатите се откажале на 45.000 долари, а потоа овие двајца се нафрлиле на голфот како да е судниот ден. Застанаала на споменатата сума што ја понудил Паблов. На аукцијата учествувале повеќе од 1.000 луѓе, а огласот собрал над 620 коментари, пренесува Б92.

Станува збор за „голф два“ ​​од 1992 година со поминати 85.000 километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.