Како што пренесува DailyMail, на најстариот син на Чарлс, Вилијам и неговото семејство на прославата во селската куќа во Сандрингам ќе им се придружат децата на Камила.

Том Паркер Боулс (48) и Лора Лопес, кои кралицата ги доби со Ендрју Паркер Боулс, наводно одлично се согласуваат со остатокот од кралското семејство. Дополнително, внуците на Чарлс и внуците на Камила се приближно на иста возраст, така што и тие ќе можат да се поврзат.

Том има две деца, ќерката Лола (16) и Фреди (13), а Лора ги има Елиза (15) и 13-годишните близнаци Гас и Луис. Не е познато дали внуците на Камила ќе седнат на главната маса или ќе им се придружат на младите принцови и принцези на „детската маса“.

Инаку, кралското божиќно мени вклучува мисирка со различни полови и прилози како печен компир, пире, пашканат и бриселско зелје. Вообичаено е после ручекот да се јаде пудинг за десерт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.