Германска компанија која се занимава со производство на канцелариска опрема, им исплатила по 5.000 евра на вработените кои биле вакцинирани.

Откако е понудена премијата, стапката на вакцинација е зголемена за цели 30 отсто.

Кога започна акцијата во ноември минатата година, беа вакцинирани 60 отсто од околу 550 вработени, а кога акцијата заврши на 14 јануари стапката на вакцинација достигна ниво од 88 отсто.

Акцијата ја чинеше компанијата вкупно 2,5 милиони евра.

Тоа е стапката што сакавме да ја достигнеме, рече директорот на компанијата Данило Фразиак.

Тој нагласи дека акцијата е инвестиција во здравјето на вработените.

Тоа го покажа и бројот на заболени – во ноември дневно имало и до десет случаи на заболени поради инфекција со коронавирус, а во последните шест недели немало ниту еден случај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.