Уште еден државен празник, кој носи продолжен викенд, ни останува во календарот на неработни денови за сите македонски граѓани во 2023 година. Станува збор за денот на Свети Климент Охридски, 8 Декември, кој годинава паѓа во петок.

За припадниците на албанската заедница неработен ден е и 22 ноември, среда, ден кога се одбележува албанската азбука, за граѓаните припадници на турската заедница неработен е
21 декември, четврток, односно Денот на настава на турски јазик, а граѓаните од католичка вероисповед се слободни од работа на 25 декември, понеделник, првиот ден на католички Божик.

По годината полна со продолжени викенди, ни следува иста таква.

Ова се неработните денови во престапната 2024-та:

За сите граѓани на РМ:

1 јануари (понеделник), Нова Година

7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, неработен е следниот ден понеделник

10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

1 Мај (среда), Ден на трудот,

6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,

24 Мај (петок) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,

2 Август (петок), Ден на Републиката,

8 Септември (недела), Ден на независноста, неработен е следниот ден

11 Октомври (петок), Ден на народното востание,

23 Октомври (среда), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

8 Декември (недела), Св. Климент Охридски, неработен е следниот ден.

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
3 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
1 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
1 ноември (петок), Празникот на сите светци,
25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница
22 ноември (среда), Ден на албанската азбука.

За граѓаните припадници на српската заедница
27 јануари (сабота), Свети Сава.

За граѓаните припадници на ромската заедница
8 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница
23 мај (четврток), Национален ден на Власите.

За граѓаните припадници на еврејската заедница
11 октомври (петок), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница
28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.

За граѓаните припадници на турската заедница
21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.