Eдна безбедносна камера во бразилскиот град Планалтина, снимила неверојатна случка.

На сниумката се гледа како човекот, идентификуван како, Едуардо Алвес (31), во напад на бес претепал бездомник кој имал секс со неговата сопруга во нејзиниот автомобил, со кој претходно, сопругата се понудила да му помогне и да му понуди превоз.

Со оглед на тоа што долго време не одговарала на повиците и пораките, Алвеш решил да ја побара својата сопруга, по што ја пронашол во автомобил во жесток сексуален „клинч“.

Преплавен од бес, Алвес го нападнал и почнал да го тепа човекот, а набрзо сите тројца биле  собрани од полицијата.

Во станица, Алвеш во своја одбрана изјавил дека го претепал бездомникот затоа што мислел дека ја силува неговата сопруга, но госпоѓата веднаш го негирала со изјава дека сексот бил со заедничка согласност.

Сепак, нејзината изјава открила дека таа најверојатно не била целосно свесна и дека била под дејство на некоја супстанција, затоа што кажала дека на моменти во бездомникот го гледала Бог, а на моменти и нејзиниот сопруг.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.