Кога му требаше духовна поткрепа пред настапите и новите песни, Тоше Проески ја наоѓаше во манастирот Свето Преображение Господово во Крушево. Иако неизграден, тој беше поттик на Проевски кој силно се залагаше за негово довршување.

Денеска по три децении градење, Манастирот Свето Преображение Господово, односно манастирот на Тоше беше осветен. Во црквата беше насликан и ликот на Тоше Проески под кој е ставен и каменот на кој пејачот постојано му се поклонувал при посетите на манастирот.

Крушевско – демирхисарскиот Митрополит Г. Јован донесе одлука за негово осветување по завршувањето на градбата која траеше со децени. Чинот на осветување го изврши Архиепископот г.г. Стефан во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

– Манастирскиот храм во Манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, со Божјата помош и благодат, после долги години на градба ја достигна состојбата да биде осветен. Најзаслужно име за подигањето на целиот манастирски комплекс е името на покојниот Тоше Проески, беше наведено во соопштението на Крушевско – демирхисарската епархија.

Во осветувањето, заедно со Архиепископот Г.Г. Стефан, во сослужение беа и повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.


фото: Телма


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.