Невидена драма се одвивала во грчкиoт град Агринио, а приказната вредна за холивудски филм сега ќе добие и судски епилог. Сè започнало во мај 2019 година кога во станот на една двојка влегле двајца мажи со качулка. Украле накит и пари, а момчето, кое за време на кражбата било во станот, го врзале и го оставиле во бессознание.
Така го пронашле роднини, по што го пренеле во болница. За трагедијата да биде поголема, грабежот се случил непосредно пред нивната свадба, која нагло била откажана поради грабежот.
Меѓутоа, неколку месеци подоцна, за време на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани бројни противречности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, за човекот на крај да признае дека грабежот никогаш не се случил.
Никој не го врзал и никој ништо не украл од куќата. Но, тврдел дека навистина бил претепан до бессознание од страна на маж, но дека мотивот не бил грабеж, туку други лични причини.
Тој признал дека згрешил што не ја кажал целата вистина, но тврдел дека го измислил грабежот за да го оправда тепањето бидејќи му било срам што семејството на невестата ќе ја дознае вистината за тоа што му се случило.
По ваквиот развој на настаните, полицијата поднесе пријава против оштетениот за давање лажни изјави и измама на полицијата.
Сега, неговата поранешна свршеница поднесе тужба против него зошто со месеци била под заблуда дека грабежот бил причината за откажувањето на нивната венчавка.
Таа е убедена дека инцидентот бил исцениран за воопшто да не се одржи венчавката. Во тужбата тврди и дека дел од исчезнатите предмети не ѝ ги вратил по наводниот грабеж, со што дополнително ја оштетил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.