Страотен пожар изби во горните катови на една висококатница во трговскиот кварт на Хонг Конг, при што мораше да бидат евакуирани стотици луѓе, меѓу кои 170 деца.

Пожарот избувнал на местото на проектот за обнова на Клубот на морнари во густо населената област Цим Ша Цуи синоќа околу 23 часот по локално време.

Повеќе катови од конструкцијата, вклучително и скелиња, беа во пламен, а запалените остатоци летаа на сите страни.

Локалитетот е опкружен со трговски центар, неколку хотели и некои станбени и деловни објекти.

Жителите на станбена зграда близу до местото на настанот мораа да бидат евакуирани, соопшти полицијата, но нема информации за евентуални жртви или повредени. Полицијата соопшти дека опожарени се и четири соседни згради, но пожарите и таму веднаш биле изгаснати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.