Лондон — Човештвото треба да се подготви за уште посилни топлотни бранови во иднина.

Ова го изјави Сајмон Луис, професор по наука за глобални промени на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

„Ова е само почеток. Ова е тоа што климатскиот систем може да го направи со затоплување од само 1,2 степени Целзиусови. Сегашните глобални политики не водат до затоплување од 2,7 степени Целзиусови до 2100 година. Ова е навистина застрашувачко“, предупреди Луис, пренесува Sky News.

Според него, општеството ќе мора да се прилагоди на екстремните температури.

„Темелно, брзо и трајно намалување на емисиите на јаглерод до нето нула може да го запре затоплувањето, но човештвото ќе мора да се прилагоди на посилните топлотни бранови во иднина“, додаде Луис.

Како што оцени, има се помалку можности да се обезбеди витална и одржлива иднина за сите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.