Бизарен случај е забележан во провинцијата Манаби во Еквадор, откако 24-годишна девојка дошла кај лекарите со болки во стомакот.

Еден од хирурзите кој ја оперирал девојката, д-р Педро Ловато, открива дека купот отстранети влакна од стомакот тежел еден килограм.

Девојката се жалела на интензивни болки, повраќање, а имала и проблем со јадење течна или цврста храна.

„Станува збор за пациент со психоемоционално пореметување, така што конечната дијагноза е поставена со ендоскопија која ја направи гастроентеролошката служба“, заклучил д-р Ловато.

Таа ја јадела својата коса во последните пет години.

Бидејќи насобраните влакна стигнале до тенкото црево, девојката не можела да јаде и многу ослабела, па со операцијата биле спречени други сериозни компликации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.