Ученик од Основното училиште „Солина“ во Тузла се заканувал на друг ученик, а во преписката било споменато и употреба на огнено оружје, поради што управата на училиштето веднаш реагирала и ја известила полицијата.
Нивната кореспонденција се појави на социјалните мрежи:
Дојдете утре пред училиште во 11:20 часот, ќе ви покажам како се пука – рекол ученикот.
Директорката на ОУ „Солина“ Белма Смајиќ во саботата го пријавила случајот во полиција, а припадници на полицијата вчера биле во училиштето и разговарале со родителите.
За случајот бил информиран и дежурниот кантонален обвинител.
Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, како дел од своите редовни обврски и задачи, спроведува мерки за сузбивање и спречување на малолетничката деликвенција- изјавија од полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.