Кога дознал дека на лотарија освоил 40 милиони американски долари, околу 37 милиони евра, добитникот на лото Том Крист, воопшто не се возбудил и се откажал од своите пари освоени на канадската лотарија.

За „ЦБЦ њуз“, овој долгогодишен директор на електрична компанија во Канада вели:

Имав среќа да работам за компанијата 44 години. Во текот на мојата кариера заработив доволно пари за да се грижам за себе и за моите деца. Затоа не ми требаат освоените пари на лотарија“.

Наместо да ги земе освоените пари, тој решил да донира милиони во добротворни цели, но, позадината на таквата одлука е потресна, пренесува германски МСН.ком.

Неколку месеци пред да освои пари на лотарија, Том Крист доживеал тежок судбински удар, неговата сопруга почина од рак на белите дробови.

Ова, како што објаснува, е и причината поради која ги донирал големите добивки од лотарија на добротворна организација која се грижи за децата на кои им е потребен посебен третман за рак.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.