Експертите за езотерија тврдат дека многу е важен датумот за украсување на елката. За да привлечете љубов и благосостојба во својот дом, обрнете внимание на следните датуми.

18 декември – воочи Свети Никола

Се смета дека украсувањето на елката на овој датум привлекува просперитет и финансиска стабилност во куќата и животот. Идеално е покрај елката да ставите некој ситен подарок за децата кои ќе ги назначите дека се од Свети Никола. Тоа на целата атмосфера ќе ѝ дадете празничен карактер.

22 декември

Доколку сте изморени од животните проблеми и неволји, идеално би било елката да ја накитите баш на 22 декември. Оние кои веруваат во езотерија велат дека овој датум ќе им донесе заштита во текот на целата година.

24 декември

Поради тоа што оваа вечер е Бадник по грегоријанскиот календар, се смета и за време на чуда. Се верува дека оваа вечер треба да се накити елката и на тој начин ќе се привлече богатство.

25 декември – католички Божиќ

Четвртата опција е дека елката треба да ја накитите на денот на Христовото раѓање, така ќе привлечете здравје, среќа и љубов во својот дом.

28 декември

Се верува дека луѓето кои ќе ја накитат елката на овој датум ќе ја заштити куќата од зло. Добро е овој ден да прочитате молитва за здравјето на целото семејство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.