Најголемиот продавач на мебел на светот „ИКЕА“ соопшти дека цените во нејзините продавници ќе се зголемат за просечни 9 отсто низ светот, со цел да се надоместат значителните трошоци за транспорт и суровини.

Со своите едноставни форми и филозофија „состави сам“, „ИКЕА“ стана синоним за ниски цени, успевајќи да ги одржи стабилни дури и за време на пандемијата. Но, како што цените на стоките и транспортот продолжија да растат, компанијата вели дека веќе не е во можност да ја апсорбира штетата.

За жал, за првпат откако повисоките трошоци почнаа да влијаат врз глобалната економија, мораме да пренесеме дел од тие трошоци на нашите муштерии, соопшти „ИКЕА“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.