Цената на пивото во последно време скокна поради вртоглавиот скок на цената на суровините, како и недостигот на некои што се потребни во производството. Неколку германски пиварници ги зголемија цените на пивото, што е прво зголемување во последните четири години.

Сите се жалат на тешкото снабдување со потребните материјали и енергија. Синџирот на снабдување се претвори во синџир на цени, пишува Biz Life.

Според Дојче веле (ДВ), цените на јачменскиот слад, кој е една од четирите суровини што се користат за производство на пиво, покрај хмељот, квасецот и водата, последнава година скокнале за 70 отсто.

Ова не е единствениот проблем за пиварниците – недостигаат и палети, а тие се претежно од украинско или руско производство, а исто така поскапе и енергијата потребна за загревање на резервоарите со пиво и работа за машината за полнење шишиња.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.