Јодлерите го започна настапот со модерна верзија на древна техника на пеење пред да преминат на традиционалното јоделирање, „едно од најстарите средства за комуникација во алпскиот регион“, велат организаторите. Како европска престолнина на културата во 2024 година, Бад Ишл оваа година излезе со разновидна културна програма заедно со 23 општини во регионот Салцкамергут.

Заедно ќе ја искористиме оваа можност за нов почеток и иднина, изјави градоначалничката Инес Шилер.

Заменик-канцеларот и министер за култура Вернер Коглер потсети дека австрискиот император Франц Јозеф ја потпишал објавата за војна на Србија во Бад Ишл во 1914 година, што ја предизвика Првата светска војна и доведе до деценија насилство.

Тој додаде дека демократијата и слободата во Европа „сега се на удар“.

Уметноста и културата можат да направат многу во борбата против омразата и агитацијата, рече Коглер.

Заедно со Бад Ишл, и Тарту во Естонија и Бодо во Норвешка оваа година ја имаат титулата Европска престолнина на културата, иницијатива на Европската унија започната во 1985 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.