Од 12 до 15 септември во скопското основно училиште „Блаже Конески” во Аеродром со почеток од 18 часот ќе се одржи аудиција за прием на нови членови – учесници на јубилејното 20. роденденско издание „Поточиња 2023“.

Потребно е да се отпее една омилена детска песна, но и секое дете да понесе широка насмевка и добро расположение бидејќи сите на „Поточиња“ пред сѐ многу играат и се забавуваат.

Минималната возраст за учество е 5 години, а за сите прашања и информации може да се обратите:

– e-mail: [email protected]

– телефон: 072 210 660



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.