Новопечената мајка, Шантел Бротон на популарната емисија „Добро утро, Британија“ раскажа како е да се живее со своите деца близнаци – синот Ајон и ќерка ѝ Азира, кои се родени на 30 април годинава.

Но, она што е занимливо за овие бебиња е тоа што имаат забележително различна боја на кожата. Роден со светла кожа и зелени очи, Ајон наликува на Шантел, додека Азира, која има кафени очи и потемен тен, повеќе личи на татко ѝ Ештон.

На почетокот тоа не беше толку видливо. Тие беа прилично слични по тенот, едвај можеше да се види дека таа е малку потемна. Но, како што минуваа неделите и месеците, таа стануваше потемна и поцрна, а тој се посветол – објаснува Шантел.

Ова е редок, но не и единствен случај, иако многумина од нивното опкружување, се изненадени од таа навидум „необична разлика“ меѓу близначињата.

Сите се „шокирани“… Но, ние сме среќни. Ни се допаѓа што тие се малку поинакви и што таа личи на тато, а тој на мене – додава гордата мајка.

Некои дури мислат дека бебињата имаат различни татковци, но д-р Амир Кан објаснува како може да се родат близнаци со различна боја на кожа.

Може да се случи два сперматозоида да оплодат две јајце-клетки. Бојата на кожата се состои од околу 20 различни гени и тоа е случаен избор – она ​​што се наоѓа во еден сперматозоид не мора да биде исто како во друг, а тоа важи и за јајце-клетките – објаснува тој.

Тоа е сосем ретко, но и според докторот, се случува во човековото општество.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.