Венера во февруари влегува во Риби, што значи можност за романса и зголемена љубовна енергија. Според астролозите, овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта во февруари:

Овен

Можно е силно да се заљубите, но во исто време и да ја зачувате својата разумност. Уживајте со пријателите, забавувајте се, и дајте си шанса да запознаете нова личност. Ако се заљубите, дајте си време и простор да се навикнете еден на друг и подобро да се запознаете. Времето ќе ви помогне да бидете посигурни во изборот и подобро да се разберете и да сфатите што ви е заедничко.

Водолија

Внимателно погледнете ги луѓето околу вас. Можно е вашата сродна душа да биде некој стар пријател кон кој порано не сте почувствувале романтична привлечност поради пријателскиот начин на комуницирање. Покажете дека сте подготвени да дадете шанса за продлабочување на вашето пријателство.

Риби

Ќе сакате и ќе бидете сакани. Венера е во вашиот знак, па и вие конечно ќе ги пронајдете вистинските решенија за подобрување на односот со саканата личност. Добри вести во февруари можат да очекуваат и оние кои не се во врска. Не се исклучени и големи промени, како што се преселување и ново работно место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.