Ви ги донесуваме прогнозите на нашиот астролог за тоа какво здравје ве очекува во мај!

ОВЕН

Овните може да очекуваат добро здравје и голема енергија. За да го зачувате овој дар, потребни ви се свеж воздух и физичка активност. Единственото нешто што може да ве загрижи се проблеми со органите за варење. Меѓутоа, ако ја придржувате до диета, ќе ги избегнете тегобите.

БИК

Биковите ќе бидат склони на воспаленија, хипертензија и проблеми со кардиоваскуларниот систем. Сето тоа е последица на недоволно одморање. Затоа обидете се да избегнете настинки и не уморувајте се. Исто така, немојте да се лекувате на своја рака. Добриот имунитет е решение за сите ваши проблеми.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците што водат умерен начин на живот во овој период нема да имаат поголеми здравствени проблеми. Меѓутоа, ако на сè реагирате бурно – ќе трпите последици. Исто така, не задржувајте ги емоциите и не потиснувајте ги природните реакции, бидејќи во спротивно може да си го загрозите здравјето.

РАК

Раковите може да почувствува влошување на хроничните болести, особено кога станува збор за ревматизам и артритис. Задолжително посетете лекар. Вашите дишни органи ќе бидат почувствителни, затоа бидете подготвени и искусно дочекајте ги временските осцилации. Имајте на ум дека студот не си замина со првите сончеви зраци.

ЛАВ

Здравјето на лавовите во голема мера ќе зависи од способноста за контролирање на промените на расположението. Малку повеќе оптимизам – и вашиот живот ќе биде прекрасен! Престојувајте повеќе на свеж воздух, земајте витамини, дружете се со пријателите… Неколку коцки темно чоколадо брзо ќе ви ја вратат енергијата.

ДЕВИЦА

На девиците им се заканува влошување на видот, што може да биде поврзано со работа на компјутер или лоши работни услови. Преземете чекори за да спречите напредување на болеста – и почесто гледајте во зеленило. Покрај тоа, може да се појават и срцеви проблеми. Обрнете повеќе внимание на превенцијата.

ТЕРЕЗИЈА

Терезиите треба да внимаваат на состојбата на црниот дроб. Веројатно нема да чувствувате болка, но може да имате одредена непријатност. Редовно користете специјални препарати и чаеви за чистење на црниот дроб, а повремено правете и крвна слика. Ќе биде доволно малку да ја коригирате вашата исхрана.

СКОРПИЈА

Поради наглите промени на времето, скорпиите можат да страдаат од хронични болки (зглобови, срце, црн дроб…). Затоа, треба да ги преземете сите неопходни мерки и да се придржувате до терапијата за болеста да не се влошува. Обрнете внимание на состојбата на усната празнина. Лошите заби се предуслов за парадентоза.

СТРЕЛЕЦ

Стрелците би можеле посериозно да ја сфатат својата исхрана, бидејќи таа е тесно поврзана со здравјето. Може да дојде до труење – обрнете особено внимание на јајцата и пилешкото месо. Исто така, неопходно е да се следи состојбата на лимфните јазли. Во случај на какви било промени, задолжително посетете го вашиот лекар.

ЈАРЕЦ

Јарците ќе мора што поскоро да се префрлат на здрав начин на живот. Зошто е важно тоа? Кај вас многу проблеми се поврзани со вишок килограми и слаб имунитет. Исхрана богата со овошје и зеленчук и здрави пијалаци, како и активности на отворено значително ќе придонесат за вашето здравје.

ВОДОЛИЈА

Здравствените проблеми на водолиите би можеле да бидат поврзани со преоптовареност. Најдете ја златната средина, т.е. разумно комбинирајте ја работата со одморот. Ако работите во канцеларија, тоа компензирајте го со активен одмор, а ако се занимавате со физички напорна работа – опуштете се во мирна средина.

РИБИ

Рибите треба да избегнуваат стресни ситуации, бидејќи гневот и вознемиреноста имаат штетно влијание врз нивното здравје. Како резултат на ментална вознемиреност може да настанат проблеми со желудникот и дванаесетпрсното црево. Затоа јадете лесна храна. Обичниот чај од нане може многу да ви помогне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.