Мај ќе биде одбележан со љубов и семејни турбуленции како резултат на влијанието на планетите. Венера, планетата на љубовта, од 2 до 28 мај ќе биде во знакот Овен. Ова ќе доведе до посебна атмосфера која ќе биде идеална за страсни врски кои можат да прераснат и во агресија. Венера ја поттикнува нашата потреба за љубов и блискост, а Овенот ја истакнува борбеноста, па желбата да се добие сè одеднаш ќе доведе до драматични ситуации. Ситуацијата ќе биде дополнително „влошена“ со ретроградниот Меркур и затемнувањето на Сонцето. Во продолжение прочитајте го месечниот љубовен хороскоп за мај.

Месечен љубовен хороскоп за мај: Средби со поранешни партнери, но и нови страсти!

Овен
Овој месец можете да очекувате сè, од возбудлива романса до раскинување, а можно е и обнова на старата врска. Во секој случај, досега научените лекции ќе ви бидат од голема корист. Освен тоа, можни се нови интересни познанства, но не избрзувајте со заклучоците. Нека работите течат по својот тек.

Бик
Подгответе се за тешкотии и неволји во поглед на љубовниот живот. Затемнувањето на Сонцето како и ретроградниот Меркур ќе ве „преплават“ со емоции. Ќе ве привлекуваат страсни и емотивни личности, но внимавајте бидејќи постои можност да наидете на некого кој нема да има добри намери.

Близнаци
Првата половина на мај ќе биде релативно мирна, можеби малку здодевна во поглед на април. Љубовните врски можат да започнат неочекувано брзо, но и брзо да завршат. Ако веќе сте во врска, тогаш со малку напор можете да ја подобрите комуникацијата и да ги решите несогласувањата. Кон крајот на месецот можна е средба со некој од поранешните партнери или добивање вести за нив преку заеднички пријатели.

Рак
Мај е најважниот месец за вас оваа година бидејќи постојат големи шанси за судбоносна средба или искажување љубов кон некој кој досега не сте го сметале за потенцијален партнер. Доколку сте во врска, обидете се да го слушнете партнерот и решавајте ги проблемите преку дијалог. Настаните кои ќе се случат овој месец ќе означат важна фаза во животот.

Лав
Мај е идеално време да започнете нова врска или да формирате семејство. Имате голем удел во тоа како ќе се одвиваат односите, па затоа дајте сè од себе. Од друга страна, за да го одржите мирот во семејството, неопходно е да воспоставите рамнотежа помеѓу работата и слободното време, меѓу општествениот и семејниот живот. Во средината на мај ќе се случат работи кои ќе влијаат на вашата иднина.

Девица
Дури и во најтешката ситуација знаете како да бидете среќни. Многу работи се случуваат во вашата врска со долгогодишниот партнер. Ако долго време сонувавте да основате семејство, сега имате можност да ви се оствари желбата. Во овој период добро би било да ги решите и финансиските, како и имотно-станбените прашања.

Вага
Мај е време на длабока промена во поглед на љубовниот живот. Конечно ќе сфатите што е она што го посакувате. Од друга страна, ќе почнете да го забележувате вниманието што ви го посветуваат претставниците на спротивниот пол, што можеби не сте го виделе досега или не сте го сфатиле сериозно.

Скорпија
Љубовта се тестира во тешките ситуации. Постојат големи шанси дека ќе бидете разочарани од партнерот како резултат на неоснована љубомора. Од друга страна, можно е да остварите средба со некој од поранешните партнери. Отворено разговарајте за сето она што се случило, за вашите чувства, за причините за раскинување. Тоа ќе ви донесе олеснување, а можеби ќе откриете и дека љубовта сè уште не исчезнала.

Стрелец
Во првата половина од месецот љубовниот живот ќе ви биде интензивен и драматичен, но во втората половина ќе почне фазата на заситеност – ќе почнете да забележувате недостатоци кај партнерот и ќе сакате да искусите нешто ново и поинакво. Постои голема шанса дека ќе ве привлече некој харизматичен странец, па лесно ќе се впуштите во авантура. До крајот на месецот некој засекогаш ќе го напушти вашиот живот.

Јарец
Личните односи ќе бидат испреплетени со деловните, а тоа ќе предизвика проблеми. Ќе станете дел од некакви љубовни интриги на работа. Дури и ако се обидете да се држите настрана од тоа, сепак, самото опкружување ќе ве вовлече во таква ситуација. Грижете се за вашата репутација и не ризикувајте без причина.

Водолија
Во текот на мај ќе наидете на многу пречки кои ќе го оневозможат вашето зближување со саканата личност или потенцијалниот партнер. Пред крајот на месецот постои можност да се смирите со поранешната љубов или да ја доведете моменталната врска на повисоко ниво. Доколку патувате, ве очекува интересна средба која ќе продолжи како врска на далечина.

Риби
Можете да направите големи промени во вашиот живот само доколку се одлучите за драстични потези, од типот да се преселите во друг град или друга земја. Можеби е и време да ја прекинете токсичната врска и да започнете од почеток. Мај ќе биде добар период за ослободување од старото и нефункционалното, но и идеално време за менување на средината.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.