Овен

Припадниците на овој знак кои се наоѓаат на раководни позиции, може да наидат на препреки и неопходност да спроведат реорганизација. Оние кои се во врска денеска би можеле да се препуштат на своите чувства. Пред вас е убав и хармоничен период. Проблем со килограмите, исфрлете ги оброците навечер.

Бик

Превид на соработник може да создаде неочекувани препреки во реализација на важна работа. Неопходно е дополнително прилагодување. Бурна љубовна авантура со личност која може да ја запознаете на патување или во рамки на некоја институција. Болки во вратот, вкочанетост.

Близнаци

Неповолни аспекти во вашето поле на платен промет делуваат предупредувачки. Можни се застои и пречки. Може да се вљубите во личност која не е слободна или која не е достапна. Ситуацијата наложува прилагодување. Прекумерно задржување на вода во организмот.

Рак

Вашата работа може да наиде на пречка, така што ќе биде неопходно да примените флексибилен пристап. Негативниот период на емотивното поле може да резултира со чувство дека сте неразбран од страна на партнерот. Стомачни проблеми, променете го начинот на исхрана.

Лав

Вашиот однос со надредените може да тргне кон надолу овие денови. Можни се несогласувања кои може да се исфрлат од такт. Пред вас е страствена љубовна романса заснована целосно на физичка привлечност. Главоболка, мигрена…

Девица

Нестабилната ситуација на финансиско поле и неочекуван сплет на околности може да бараат од вас да импровизирате решенија. Денеска може многу бурно да реагирате на некоја неправда која веќе долго време ја премолчувате. Можна е расправа. Ве следи нервоза, нерасположение.

Вага

Ова не е добар период за реализација на вашите оригинални идеи, атоа што нема да наидете на добар одзив. Почекајте подобра ситуација. Конфликтна ситуација помеѓу вас и партнерот или во кругот на семејството со вашите домашни. Потешкотии со устата.

Шкорпија

Непредвиден склоп на околности може да ви го одбележи овој период, особено за Шкорпии кои се занимавааат со услужни дејности и здравство. Негативниот коментар на вашиот партнер може да се исфрли од такт. Збор по збор и може да дојде до конфликт. Иритација на кожата која е многу чувствителна.

Стрелец

Неопходно е да промените нешто во начинот на работата и примените флексибилен план на работни активности. Ризичните инвестиции оставете ги за подоцна. Овој ден ви носи несогласување со партнерот и непотребна криза во довербата. Можна инфекција на кожата и појава на некое заболување.

Јарец

Непредвиден склоп на околности може да доведе до прекин на соработка со еден ваш соработник. Ќе бидете во ситуација да морате да импровизирате. Партнерот ви приговара дека сте се затвориле во свој свет. Променете го тоа. Проблеми со дигестивниот систем.

Водолија

Некој од вашите колеги гради ривалски однос со вас и може да се случи да не бира средства да ја загрози вашата репутација. Овој ден ќе ви донесе искушение кое со себе носи таен љубовен состанок. Можен е почеток на тајна врска. Потешкотии со слухот, посетете оторинголарингол.

Риби

Овој ден може да ви донесе успешно завршување на работна задача во рамки на соработка со странство. Ве очекува финансиска добивка. Слободните Риби ги чека романтична вечера со личност која им се допаѓа и назначува почеток на љубовна авантура. Пад на имунитетот, поради нередовна или неконтролирана исхрана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.