Овен

На кој начин и да се поставите, очекувајте да бидете во втор план. Ваквата улога не ви се допаѓа, но свесни сте дека тоа е вистинскиот пат. Без разлика дали се работи за семејна или љубовна врска, најдобро е трпеливо да дадете поддршка и да го чекате епилогот.

Бик

Денот пред нас е полн со динамика. Вие сте на работ на издржливост. Веќе некое време нешто ви пречи на работа, а не сте во можност да му одолеете. Бидете внимателни, безопасна ситуација може да ве доведе до скандал.

Близнаци

Имате многу планови и очекувате брза реализација. За жал, работите не се развиваат со посакуваното темпо. Додека чекате нешто да започне, губите драгоцено време, па пропуштате можности кои се побезбедни, а можеби и поисплатливи од оние што сте ги замислиле.

Рак

Амбициозни сте, па денот го започнувате со големи планови. Ловете ја секоја можност повторно да се наметнете во средината во која се движите и работите. Напорот ќе биде награден, но во исто време добивате нови непријатели на кои им застанувате на патот.

Лав

Постои шанса да ви се оствари желбата за промена на работата. Мора да бидете свесни дека ако го направите тоа, тогаш влегувате во нов живот, по кој нема враќање на стариот. Тоа не значи дека ве чека нешто лошо, туку дека мора да бидете подготвени на се.

Девица

Доколку успеете да го започнете денот без одложувања и доцнење, може да ви се отворат интересни можности, особено ако вашиот бизнис е поврзан со странство. Не ги вклучувајте пријателите во вашите потфати, сами решавајте ги вашите проблеми.

Вага

Ви претстојат многу обврски. Ќе ви се чини дека не кревате глава од работа, а всушност ништо посебно нема да се случи. Илузијата дека сте преоптоварени доаѓа од презаситеност, па итно ви треба или промена на работното место или кратка пауза.

Шкорпија

Стремејќи се за слобода, сепак, подобро е да се воздржите бидејќи не е поволен период за бунт. Дисциплинирано и навремено извршувајте ги сите работни задачи, само така ќе избегнете напнати аспекти кои можат да ви ја искомплицираат финансиската состојба.

Стрелец

Плановите ги врзувате со ветувањата што ви ги дале пријателите. Премногу одолговлекување може да ве доведе до неславна ситуација во која на крајот ќе се оправдате пред претпоставените кои вашите аргументи ќе ги сметаат за смешни и прифатливи.

Јарец

Аспектите ви носат прилив на енергија што ви недостигаше во минатото. За жал, во исто време доаѓаат и нови обврски кои ќе ја засенат сета убавина од овој период. Ви претстои напорна работа за која нема да ја добиете очекуваната награда.

Водолија

Наједноставните активности, кои, патем, бараат малку труд, денес се изведуваат со голема тешкотија. Не е лошо да размислувате се да одложите за некој друг ден, бидејќи грчевите кои не успевате да ги надминете ќе предизвикаат грешки кои се неприфатливи.

Риба

Имате многу планови и очекувате наскоро да лансирате некои од нив. За жал, денешните настани нема да ви донесат големи промени, освен што околностите ќе ве натераат да размислите дали патот кој сте го испланирале е најповолен за некој како вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.