Таа ни помага да дојдеме до знаења и информации, некои работи да видиме појасно, да дојдеме до разбирање и да донесеме одлука. Ќе доживееме нови нешта, можни се нови средби и познанства. Но, пред тоа, да го пуштиме старото и бескорисното.

Оваа фаза на Месечината ќе ни помогне и да се опуштиме, некои стари навики и лоши ситуации да ги оставиме зад себе. ќе забележите дека нешто се менува во вашите односи, некои ќе растат и ќе се развиваат, а други ќе дојдат до крај.

Ако сакате да побегнете од токсични врски и односи, ова е вистинскиот момент. Ако сте врзани за некоја идеја која тешко се остварува, само пуштете ја. Не дозволувајте ништо негативно да влијае на вас, дури и оние работи кои можеби ќе излезат на површина, а длабоко биле закопани под површината.

Каква енергија ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Каква енергија им давате на другите? Оваа полна месечина ве поттикнува да размислувате како се грижите за блиските и како ја покажувате љубовта. Обрнете внимание на меѓучовечките односи и фокусирајте се на нивното подобрување. Ако постојат конфликти, време е да ги оставите зад себе и да продолжите напред, со енергија.

Бик

Вашата напорна работа конечно покажува убави резултати, а вие сте задоволни од себеси поради тоа. Ако некој ви бил значајна поддршка во овој процес, не заборавајте да и се заблагодарите на таа личност, но обрнете внимание и на себеси и дозволете си самодоверба и гордост, бидејќи го заслужувате тоа.

Близнаци

Можно е да добиете желба да ги споделите своите емоции со личност која ви се допаѓа или пак личноста со која сте во врска. Конечно ќе го спуштите гардот и ќе ја покажете својата вистинска, нежна природа пред другите. Не чувствувајте притисок да ги пренесете сите тајни, туку отворете дел од себе, чекор по чекор.

Рак

Претходниот период ви донесе стрес околу работата, а сега е период да се осврнете на себеси и да се одморите. Поминете го викендот во опуштена атмосфера со работите и навиките кои ве прават радосни – добра серија, прошетка во парк, купка во бањата. Фокусот е на себе, не заборавајте на тоа.

Лав

Исполнете ги своите ветувања кои им ги имате дадено на своите пријатели и семејството. Важно е да им покажете на другите дека можат да ви веруваат и да ги исполните своите обврски. Одговорноста е најважна во овој период.

Девица

Направете го она што е важно за да ги подобрите односите со другите. Почнете да размислувате за тоа што е важно да го направите во љубовниот однос, но и односите со пријателите. Меѓучовечките односи бараат напор од двете страни, а сега е вашиот момент да се вложите во тоа.

Вага

Ова е ваш период бидејќи полната Месечина е во вашиот знак. Споделете ја својата вистина и дозволете си да бидете ранливи, без страв од тоа како ќе бидете разбрани. Тоа ќе ве зближи со вашите сакани и ќе ви донесе убаво чувство на исполнетост.

Шкорпија

Бидејќи ретко ги споделувате своите чувства, луѓето тешко разбираат што размислувате и како се чувствувате. Но, важно е да споделите некои своите вистини со луѓето кои ве сакаат, без да мислите дека тие треба самите да го сфатат тоа.

Стрелец

Овој викенд ве инспирира да ги слушнете другите. Вие сте личност која е одличен пријател, но некогаш сте нетрпеливи кога треба да дојдете до некое решение или да дадете совет некому. Посветете се на подобрување на овој аспект од вашите пријателства.

Јарец

За жал, ова е транзит кој од вас бара да се фокусирате на некоја работна обврска или одговорност која мора да биде завршена. Но, пробајте да најдете баланс и да не заборавите на блиските кои сакаат да поминат време со вас.

Водолија

Оваа полна Месечина носи желба за авантура и возбуда за вас. Планирајте одмор или пак кратко патување кое ќе ви донесе забава. Не го минувајте времето дома овој викенд, а ако веќе го направите тоа, посветете се на некој убав план кој ќе ви донесе чувство на радост и возбуда.

Риби

Поставувањето граници со другите е некогаш тешко, но ова е транзит кој ви носи потреба да се ставите себеси на прво место. Вие сте си најважната личност во вашата живот, а овој викенд е во знакот на тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.