Еден знак се издвојува како најголем среќник кога станува збор за пари. Доколку и вашиот знак и подзнак се наоѓаат на листата, среќата ви се дуплира.

Постојат знаци кои побрзо доаѓаат до богатство од другите, тврди астрологијата, а примери од праксата го докажуваат тоа.

На листата знаци на кои им се смешка заработка со повеќе нули се наоѓаат следниве шест знаци…

Рак
Раковите се многу посветени на работата и тежнеат кон сигурност. Важат за многу чувствителни, нежни и интуитивни и знаат како да го извлечат најдоброто од овие особини.

Раковите умеат да стекнат огромен приход, а доказ за тоа е и Форбсовата листа на најбогати луѓе, во чијашто горна половина доминира овој знак. Жените Ракови успеале годишно да заработат во просек 905 милиони долари. Коосновачката на Bio-Rad Алис Шварц е најбогатата жена во оваа група, со богатство од 2,9 милијарди долари. Заработуваат и мажите Ракови, а пример за тоа е Илон Маск (28. јуни 1971). Луѓето родени од 22. јуни до 23. јули се припадници на знакот Рак.

Девица
По нив се Девиците, брзи, аналитични, вредни и остроумни. Тие инсистираат на високи стандарди и имаат око за секој детаљ. Пример за позната Девица е Дорис Фишер, коосновачка на компанијата The Gap, вредна околу три милијарди долари.

Терезии и Скорпии
Важно место заземаат и Терезиите и Скорпиите. Првите се природни мислители и аналитичари, а вторите се смели, креативни и одлучни, што им помага да стекнат статус на милијардери. Тоа го докажуваат Терезијата Џуди Лав, која е бизнисменка од Оклахома со богатство од 5,2 милијарди долари и Скорпијата Тај Ли, со корејско-американско потекло, со имот вреден 4,1 милијарди долари.

Лав
Високо котираат и Лавовите, кои се познати по самодовербата и желбата да бидат во центарот на вниманието, што им помага во деловните преговори и претставувањето бизнис-идеи. Како пример се наведува Џуди Фолкнер, извршна директорка на софтверската компанија Epic Systems од Висконсин, вредна 6,5 милијарди долари.

Јарец
Најмногу особини потребни за деловен успех имаат Јарците, тврдат астролозите. Овој знак го красат одлучност и амбициозност, како и способност секогаш реално да ја процени состојбата. Дајан Хендрикс е претседателка на ABC Supply, чија вредност се проценува на 11 милијарди долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.