Овен

Бидете подготвени на пораст на обврските, зголемена одговорност и работни ангажмани. Оние што се наоѓаат во сферата на бизнисот и личното докажување, ќе го надминат очекуваниот план и би можеле да остварат извонредни материјални и финансиски резултати. Иако комуникацијата со околината во одредени моменти ќе биде отежната, немојте да го губите трпението и одржувајте рамнотежа. Пожелно е да не бразате со новите потфати и убаво да го разгледате теренот. Планското дејствување ќе ви обезбеди стабилен напредок и ќе ви помогне да избегнете некои грешки.

Иако ќе бидете многу ангажирани, вашиот љубовен живот нема да трпи поради тоа. Взаемните емоции, разбирањето и семејната хармонија, ќе делува стимулативно и ќе ви помогне полесно да се износите со притисоците на секојдневието. Самците ќе бидат полни со енергија, а под водство на Венера во Водолија, ќе го шират кругот на познанства и ќе ќе склопуваат нови пријателства. На повидок има љубовни промени. Би можеле да запознаете некоја личност која ќе ви пружи многу повеќе отколку што очекувате.

Бик

Во текот на декември, повеќето планети се распоредини во горната хемисфера на хороскопот, а тоа го става акцентот на кариерата и ќе ви обезбеди сигурност и поволни услови да го одржите бизнисот на посакуваното ниво. Веројатно многумина од вас веќе се чувствуваат уморно и исцрпено, па потребен ви е мал одмор од предизвиците кои ве следат во текот на изминатиот период. За да го задоволите принципот на делување на вашата планета на финансиите – Меркур, држете се до конкретните договори и воспоставените рутини во организирањето и извршувањето на работните обврски. Од истите причини, пожелно е крупните инвестиции и финансиските трансакции да ги направите до 19 декември.

Кога е во прашање љубовта и приватноста, односот со саканата личност ќе бара повеќе компромиси и прилагодувања, бидејќи и двајцата ќе бидете непопустливи и еднонасочни. Внимавајте егото и потребата да бидете во право да не ве натераат на некакви погрешни потези. Наместо да прибегнувате кон манипулации и закулисни игри, подобро би било отворено да проговорите за тоа што ви е потребно, и на тој начин да го унапредите односот.

Близнаци

Во текот на првите две декади од месецот динамиката на нештата ќе ви наметне бурен распоред. Одлично ќе се снаоѓате со телефоните, гужвите и бројните работни обврски. За да ја стабилизирате финансиската ситуација, ќе имате чувство како да жонглирате со нештата, па ќе затворате некои кредити и ќе отворате нови. Во целата оваа бучава, постојано ќе ја имате поддршката на вашите партнери, па крајот на месецот ќе го дочекате со задоволувачки финансиски резултати. Во првата половина од месецот (до 13 декември) можете да очекувате одлична заработка и плодни контакти.

Од друга страна, вашиот интимен живот ќе биде ставен на тест. Но, во споредба со минатиот период, овојпат ќе имате подобри увиди и решенија, кои ќе ви помогнат да донесете правилни одлуки. Во односот со партнерот немојте да очекувате дека проблемите ќе исчезнат самите од себе, па добро би било да влезете во костец со нештата и да почнете заедно да ги решавате. Близнаците кои се сами ќе имаат динамичен друштвен живот и ќе запознаат личност која ќе физички многу ќе ги привлекува.

Рак

Концентрацијата на планетите во западниот сектор од вашата карта, значи дека во текот на претствојниот перид несебично ќе се давате на другите, и во приватноста, и во работата, занемарувајќи ги своите лични интереси. Ќе учествувате во јавните активности и тимската работа. Вашите залагања ќе го подигнат вашиот углед во колективот и ќе ја подобрат довербата на вашите надредени. Финансиската ситуација ќе биде значително подобра, особено во втората половина од месецот, кога би можеле да се појават и некои можности за дополнително заработување.

Од друга страна, премногу ќе размислувате и ќе ги преиспитувате околностите во вашиот приватен и љубовен живот. А кога ќе дојде време одлуките да ги спроведете во дело, нешто ќе ве спречи да истраете во намерата. Во одредени моменти ќе имате чувство дека одите еден чекор напред, два назад. Кон крајот на месецот можеби ќе дознаете нешто за личноста која ве интересира, но тоа повеќе ќе ве збунува. Тајните врски и сомнителните личности само ќе ви ја трошат енергијата, па затоа повлечете јасни граници и вратете ги конците на животот во своите раце.

Лав

Работните и професионалните прашања ќе течат на вообичаен начин, но очекуваните финансиски резултатите ќе бидат за нијанса помали од планираното, како резултат на ретроградниот Меркур. Повеќето планети во вашата карта се наоѓаат во општествените сектори, па вработените Лавови во текот на декември ќе имаат потешкотии со своето его и суета. Морате да прифатите дека понекогаш и другите се во право, и вршете ги своите обврски и задолженија. Во последната декада од месецот бидете колку што е можно повеќе јасни и едноставни во комуникацијата, и посветете повеќе внимание на документите, времето и законите. Ова е одлично време за ширење на мрежата на работните контакти, како и за промовирање на своите услуги.

Од друга страна, ќе ги привлекувате луѓето во својата близина, ќе уживате во ноќните излегувања и краткотрајните флертови. Слободните би можеле да се заинтересираат за личност која е значително помлада или повозрасна од нив. Старста ќе се распламти, а вие ќе бидете по малку неодлучни за иднината на таквиот однос.

Девица

Влегувате во многу успешен работен период, особено од 7 декември, кога планетата на вашите финансии влегува во секторот на работата и работните односи. Планот за работата засновајте го на соработка, креативни идеи, ширење на мрежата на контакти и маркетинг. Положбата на Венера во Водолија ја поддржува високата технологија, па оние кои водат мали бизниси би требало својата работа и продукти да ги пласираат преку социјалните мрежи и интернетот. Соодветната комуникација и задоволните клиенти ќе бидат пресудни во проценката на вашиот квалитет како работник и можноста за понатамошно напредување. Хармоничните односи со околината ќе придонесат да го дадете својот максимум.

На приватен план, длабоко во себе ќе чувствувате потреба за промена, за нешто што ќе направи да се чувствувате посигурно и позаштитето во тековните околности. Наклонетоста на Меркур ќе ви донесе придобивки од пријателите и ја подобрува комуникацијата со партнерот. Свесни сте дека постојат личности кои ве сакаат и дека ќе бидат покрај вас ако ви се потребни. Совладајте ја емоционалната несигурност со поголема верба во себе, во вашите сакани, и генерално во Животот.

Вага

Значајната поддршка на Јупитер во вашиот знак, како и добро посатавените планети во секторот на работата и службата, ќе ви овозможат лесно и ефикасно да ги извршувате секојдневни обврски и задолженија. Поради концентрацијата на планетите во доллната хемисфера од хороскопот, а Плутон се наоѓа во секторот на домот, приватните и семејните бизниси ќе напредуваат и ќе носат добри резултати. Како резултат на поволните астролошки аспекти, би можеле да оставарите извонредна заработка после 21 декември. Со влегувањето на Марс во Риби извесни се мали компликации во работните односи. Избегнувајте импулсивност во односите со колегите и внимавајте да не навредите некого. Трудете се да бидете организирани и да ги поставите работите на своите места.

Гледано од приватна страна, во текот на овој период ќе имате зголемена потреба да бидете со вашите најблиски. Иако ќе има денови кога тешко ќе можете да ги усогласите приватните и работните обврски, чувството дека сте опкружени со луѓето кои ги сакате, ќе ве исполнува со позитивна енергија и ќе ви дава сила да издржите во моменти кога ви е најтешко. Многу ќе се движите и ќе среќавате различни личности. До средината на месецот зголемени се можностите за кратки патувања. А ако сте сами, и во потрага по партнер, љубовта би можела да ве најде, кога најмалку очекувате. Помалку размислувајте и бидете повеќе отворени кон другите.

Шкорпија

Настаните ќе ве насочат на работата и финансиите. Ќе имате можност да остварите дополнителна заработка, или да склопите еден важен работен договор, кој би можел да ви биде од голема корист во текот на следната година. Ќе бидете многу совесни во извршувањето на вашите секојдневни обврски и стрпливи во занимавањето со деталите и пропустите на другите. Воедно, ова е многу комуникативен период, во кој би можеле да го раширите кругот на работни познаници, а некои ќе имаат можност да се сретнат со старите колеги или надредени. Имате многу причини да бидете задоволни и да се посветите на планирањето на вашите цели за следната година.

На приватен план ќе се чувствувате поделени и ќе имате измешани емоции. Можеби ќе имате потреба нешто да прекинете или да ставите крај на еден однос. Не исклучена ни можноста да западната во емотивна криза и да сфатите дека не можете да продолжите на ист начин како досега. Како и секогаш, љубомората и опсесивноста ќе бидат вашите најголеми непријатели, па обидувајте се да не правите ништо во моментите кога ќе чувствувате лутина и повреденост.

Стрелец

Ова е ваше време, па не треба да губите ни момент во искористувањето на понудените можности. Остварете го сето она што го сакате и поставете јасни цели за годината која е пред вас. Извесно е дека со многу ентузијазам и енергија ќе пристапите во извршувањето на неодложните задачи, кои во текот на овој период ќе се насоберат. Положбата на Сатурн во вашиот знак советува да не брзате, туку добро да се организирате, за да можете навремено да ги постигнете зададените рокови. Концентрирајте се во пронаоѓање на колку што е можно попрактични решенија во секоја ситуација. Финансиите ќе бидат солидни во текот на целиот месец, а зголемен прилив на средства се очекува во третатата декада од месецот кога Сонцето ќе зачекори во знакот на Јарец.

Ситуацијата во партнерските односи ќе биде добра во текот на поголемиот дел од месецот, а вие ќе зрачите со самодоверба, шарм и оптимизам. Со својата непосредност ќе го подигнувате расположението на вашата непосредна околина, партнерот и членовите на семејството. До 19 декември, планетата на вашите партнерски односи ќе се наоѓа во Водолија, па овој период би можел да биде многу динамичен и полн со изненадувања. Со преодот на Марс во Риби ќе станете повеќе емотивни и приврзани. Слободните претставници на знакот ќе бидат опуштени и отворени за нови искуства.

Јарец

Полека планетите се насочуваат кон вашиот знак, нагласувајќи го источниот дел од вашата карта, нагласувајќи го полето на вашата личност, финансиите и амбициите. Ќе бидете посветени на работата, а обврските ќе ви одземаат голем дел од времето. Па забавата и одморот ќе бидат во втор план. Имајќи во предвид дека се наоѓате во многу продуктивен период, искористете ги можностите кои ќе ви се пружат. Во непредвидливите и предизвикувачки ситуации ќе морате да се потпирате на своите способности и на вашата работната интуиција. Во првите две декади од месецот, конкуренцијата ќе биде многу јака, а после 21.12 вашата сигурност ќе се зголеми.

На приватен план декември ќе помине во мирни и хармонични односи со партнерот. И двајцата ќе бидете многу дружељубиви и често ќе организирате средби со вашите пријатели. Слободните претставници на знакот ќе изгледаат подмладено и многу привлечно. Со положбата на Венера во Водолија, можни се несекојдневни љубовни искуства, особено за Јарците од третата декада. Некоја личност која е потполно различна од вас, ќе ги разбуди вашите интензивни емоции и страсти.

Водолија

Во текот на декември, вашата работна и финансиска ситуација постепено ќе се стабилизира. Со положбата на Венера и Марс во вашиот знак, ќе биде многу интензивно и динамично во сите сегменти од вашиот живот. Ќе имате нагласена самодоверба и одважно ќе донесувате одлуки и ќе справувате со животните предизвици. Со помош на дипломатија, свежи иновативни идеи и жива комуникација, ќе успеете да делувате на вашата околина и да иницирате промени. Положбата на Нептун, планетата на вашите финансии, веќе од 20.11 го промени своето движење и најави подобрување на материјално и финансиско поле. Во текот на овој период, астралните влијанија ќе ги нагласат вашите високи карактеристики, како што е хуманоста, пожртвуваноста, социјалната правда и подготвеноста да помогнете секому.

Заљубеноста и чувството дека сте сакани, ќе ви бидат најдобрата мотивација и извор на позитивна енергија. Вашиот шарм ќе биде неодолив, а самодовербата голема. Односот со партнерот ќе биде хармоничен и двајцата ќе бидте подготвени повеќе да инвестирате во изградбата на врската. Многу двојки кои долго време се заедно, во текот на декември ќе се одлучат на брак или заедничко живеење. Слободните ќе поминуваат голем дел од времето со своите пријатели и ќе имаат многу можности за остварување нова врска.

Риби

Присутноста на Сонцето во полето на вашата кариера, овозможува непречен развој на професионален и работен палн. Можете да постигнете успх со проширување на кругот на работни контакти и соработници со склучување нови договори, како и со добра стратегија за маркетинг и комуникација. Во текот на овој период вашата работна интуција ќе биде на завидно ниво, па одлуките кои ќе ги донесувате ќе бидат исправни и правовремени. Оние кои имаат рокови, ќе мора да бидат повеќе дисциплинирани и организирани. Во овој месец голема е можноста да ви биде понудена работа која долго време ја посакувате, но се чини дека вие не сте сигурни дали сте подготвени да го направите тој чекор.

На емотивно ниво, веќе подолго време барате мир, но тоа никако не ви оди оди од рака. Некои нерешени ситуации од минатото, повторно се на вашиот праг. Вашиот љубовен живот плива во несигурни води и тоа ви создава недоумици и сомнежи. Многу работи сте подготвени да ги премолчите и сокриете, од страв од емоционална болка и повреденост. Оние што се во долга врска или брак ќе мора да покажат поголемо разбирање за партнерот, а слободните иако ќе имаат потреба да бидат сами и да ги анализираат своите емоционални состојби, пријателите постојано ќе се обидуваат да ги извлечат од нивниот свет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.