Кога Сонцето патува низ знакот Стрелец, фокусот е на позитивноста и растот. Во овој период ќе се изрази желбата за авантура, ќе сакате да проверите до каде се протегаат вашите граници и колку можете да направите.

До 21 декември ќе владее огнена енергија која нема да им дозволи на сите хороскопски знаци да мируваат. Ова е време кога постојано ќе сакаме да промениме нешто.

Сите оние кои се весели и друштвени ќе сакаат уште повеќе да ја ценат својата слобода. Хороскопот вели дека нема да им се допаѓа вообичаената рутина, ќе сакаат да манифестираат и да ризикуваат на различни нивоа. Доколку се понудат некои нови можности и искуства, први ќе сакаат да ги пробаат. Во овој период ќе биде нагласена потребата да се бранат слабите и да се напаѓаат оние кои ни кажуваат нешто штп не ни се допаѓа. Ќе се борите против цинизмот, контролата или манипулативните тактики.

Исто така, Сонце во Стрелец ја зголемува нашата самодоверба. Ќе дејствуваме самоуверено, нема да се двоумиме да го кажеме нашиот став и мислење каде и да сме и ќе се залагаме за сè во што веруваме. Исто така, ова може да биде периодот кога многумина ќе се одлучат да воведат физичка активност за да го одржат телото и умот здрави.

Позитивниот начин на размислување ќе ја надмине неодлучноста и секаков вид на несигурност. Ова особено се однесува на луѓето родени под огнените знаци. Кај нив доаѓа енергија која ќе ги направи среќни, весели и дружељубиви. Постои можност во овој период да станете претерано енергични и самобендисани, што може да ги вознемири другите.

Обидете се да не барате сè сега и веднаш, бидејќи нетрпеливоста може да ве чини скапо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.