На 21 мај Сонцето ќе влезе во знакот Близнаци и тука ќе остане сè до 21 јуни. Владеењето на Близнаците означува моќен период кога вашите желби доаѓаат особено до израз, а под влијанието на владејачката планета, Меркур, ќе научите големи лекции за животот.

Близнаци

Време е да се фокусирате на себе и на сопствените цели. Какви промени посакувате? Решени сте да го следите она кое веќе сте си го поставиле како цел и амбиција. Животот е во ваши раце, а вие одлучувате во која насока ќе се движите. Време е да се препуштите на автентичноста и она што ве прави единствени. Освен тоа, под влијание на Меркур, во следниот период ќе размислувате повеќе за вашите односи со другите. Без разлика дали се работи за семејството, пријателството или љубовната врска, вие ќе знаете како да постапите со оглед на тоа што ќе се ставите себеси на прво место.

Вага

Под влијание на Сонцето во Близнаци, подготвени сте за повеќе авантура во вашиот живот. Можно е конечно да отидете на патување за кое долго време сонувавте. Кога Венера ќе влезе во Бик на 28 мај, подгответе се за нови искуства, особено во поглед на љубовната врска. Во овој период ќе ви се остварат повеќето желби од романтичен аспект. Одете полека и верувајте во процесот.

 

 

Водолија

Конечно ќе се ослободите од стресот и напнатоста бидејќи сега ќе имате повеќе време за забава. Владеењето на Близнаците ќе ви донесе повеќе промени во вашиот живот. Нема да постојат никакви пречки за да го остварите она што го посакувате, особено на работа. Ако долго време размислувавте на некоја личност и се плашевте дали да започнете љубовна врска или не, сега е идеалното време за тоа. Доволно е да соберете храброст и да ги остварите вашите соништа!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.