Кинеската Нова година започна на 22 јануари на полноќ, а ова е година на водениот Зајак и трае до 9 февруари 2024 година. Во кинеската култура, водениот зајак е симбол на мир, просперитет и долговечност, па се очекува дека наредните месеци ќе донесат надеж и подобрување.
Кинезите веруваат дека човечкиот карактер, како и судбината и компатибилноста со другите луѓе се тесно поврзани со знакот на кој припаѓаат во кинескиот хороскоп, кој се одредува според годината на раѓање.
Оваа 2023 година треба да донесе најмногу среќа и напредок на сите родени во знакот Вол, Тигар и Змија:
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013, 2025)
Работите ќе се развиваат непречено за родените во знакот на Змија, закои прогнозата за следните 12 месеци е многу добра. Ќе бидете силни и самоуверени кога станува збор за носењето на одлуки, а тоа особено се однесува на деловните. Сè што ќе започнете, брзо и лесно ќе го реализирате, речиси и да нема невозможни задачи за вас!
Вашите напори нема да останат незабележани, ќе бидете ценети и препознаени од претпоставените и секако ќе добиете покачување, како и огромни, неочекувани бонуси. Едноставно, ова е исклучителна година за вас кога се во прашање деловните можности. Исто така, ве очекува сериозен напредок во кариерата.
Сепак, треба да се чувате од одредени луѓе, кои зад грб зборуваат лошо за вас и ви прават сплетки. Астролозите советуваат да ги држите очите отворени и да држите дистанца од луѓето на кои не им верувате 100 проценти.
Вол (1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021)
Волот ќе направи голем напредок во кариерата, особено оние што работат како службеници во некоја организација. Вашите таленти и вештини ќе се покажат како неопходни во различни големи проекти, а тоа ќе ви донесе признание од вашите колеги и претпоставени. Можно е да наидете на некои тешкотии, но не двоумете се да побарате помош од менторот или претпоставените. Само со обединети сили можете да ја достигнете целта.
Слободните припадници на знакот оваа година би можеле да ја сретнат судбоносната љубов, па искористете ја можноста кога ќе запознаете личност која ви се допаѓа и не дозволувајте таа шанса да ви исчезне. Ако сте во врска, ќе имате добра година и хармонија со партнерот. Секако дека ќе има и мали, неважни кавги, но тие нема да влијаат на вашата врска. Сепак, Волот мора да научи да ги контролира своите емоции, за да продолжи врската да се развива во добра насока.
Бидејќи вашата кариера ќе напредува, се очекува дека ќе се подобрат и вашите финансии. Сепак, во исто време ќе имате поголеми трошоци од претходно – можно е да го преселите или да го реновирате просторот во кој живеете или да купите нов мебел. Сепак, астролозите предвидуваат стабилизација на финансиите и советуваат да се внимава при инвестирањето – внимателно проверете ја и анализирајте ја секоја можност да заработите пари пред да ја искористите.
Тигар (1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022)
Целокупниот хороскоп за оваа година е многу добар, но сепак очекувајте неколку пресврти. Треба да научите да извлекувате поуки од вашите неуспеси и целосно да ги разберите вашите недостатоци и да се тренирате да бидете смирени кога времињата стануваат тешки.
Наредните месеци ќе им донесат напредок на Тигрите на полето на кариерата, но и големи шанси за унапредување и зголемување на платата. Сепак, треба да бидете внимателни во комуникацијата со другите и да не се фалите премногу, не дозволувајте да ве занесе успехот. За да напредувате, мора постојано да се трудите и да работите на вашата самодоверба. Во критичните моменти, мора да покажете дека можете да направите рационални и правилни избори доколку сакате лидерите да ви веруваат во иднина.
Ова е годината која ќе ви донесе подобрување и на љубовен план – доколку сè уште сте сингл, ќе запознаете многу интересни луѓе. Можен е почеток на нова, хармонична врска. Совет од астролозите е добро да се информирате кој е вашиот партнер пред да започнете романса и да проверите колку е искрен.
Приходите ќе ви бидат многу подобри од минатата година, но инвестиции сè уште не се препорачуваат – постои можност сите вложени пари едноставно да пропаднат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.