Ретроградниот Меркур помина на 18 јануари, а од пред неколку дена и Марс повеќе не е ретрограден. Ако сте се пожалиле дека ништо не ви оди како што треба или сте се нашле во чудни ситуации, сега тоа престанува.

Некои од вас имаа можност да ги решат работите од минатото, а сега започнува нов, попозитивен период. Само до 27 јануари внимавајте на љубовните врски бидејќи Венера е во напната врска со Сатурн. Може да донесе заладување во односите, отуѓување, чувство дека не сме доволно сакани, но и тоа ќе помине од 28 јануари и односите повторно ќе се стабилизираат, велат астролозите.

Па, ако и вие мислевте дека почетокот на годината започна некако збунето, чудно и необјасниво – проблемот не е во вас, туку во планетите кои имаат многу силно влијание врз нашите животи. Затоа, очекувајте го крајот на јануари бидејќи следува помирен и постабилен период.

Еве што можете да очекувате според вашиот хороскопски знак во периодот по ретроградниот Меркур:

Овен

Припадниците на овој знак треба да размислуваат за чекорите кои ќе ги доведат до развој на кариерата и искачување на деловните скалила. Темелите за тоа сега се постабилни, а ситуацијата е појасна.

Бик

Поединците родени во знакот Бик ќе се впуштат во претприемништво и можеби ќе бидат успешни во тоа. Исто така, некои ќе разберат некои работи за нивната љубовна врска кои до сега не им беа целосно јасни.

Близнаци

Близнаците ги чекаат позитивни, големи промени во сите сфери на животот. Притоа, не треба да го губат умот од среќа, но сепак добро да размислат за финансиската сигурност.

Рак

Романтичните Ракови конечно ќе погледнат на љубовната врска од сосема друга перспектива и страста ќе се разгори. Покрај тоа, тие можеа да контактираат со луѓе што ги познаваат од претходните работни места и од тоа може да дојде нешто добро.

Лав

На Лавовите конечно им стана јасно дека не се совршени, без разлика колку луѓето им се восхитуваат, било на работа или во приватниот живот. Ќе работат на некои промени кои на крајот ќе бидат добри за нивното здравје.

Девица

За Девиците се ќе се врти околу љубовна врска за која длабоко ќе размислуваат и ќе се трудат да бидат мудри. Ќе сфатат дека не можат да бидат толку ригидни во нивната врска ако сакаат да функционира.

Вага

На припадниците на овој знак нешто ќе им се промени во финансиите, можеби ќе добијат наследство или ќе позајмат пари за да решат важни животни прашања. Ќе им стане појасно по кој пат треба да одат.

Скорпија

Скорпиите би можеле да сфатат дека среќата не се наоѓа во материјалните работи, туку во односите со другите луѓе. Самите ќе разјаснат што им треба во животот, а што не.

Стрелец

Припадниците на овој знак конечно ја сфатија важноста на работата и заработката, бидејќи на човекот му дава сигурност. Ќе почувствуваат желба повеќе да се изразуваат на работа и да напредуваат во кариерата.

Јарец

За Јарците ситуациите поврзани со семејството, љубовта и работата ќе станат кристално јасни. Ќе зајакне самодовербата, па нема да имаат проблем да застанат во одбрана, како што беше случај во изминатите месеци.

Водолија

Хаосот во главата на Водолиите ќе се смири и тие повторно ќе бидат преплавени со повеќе позитивна енергија. Ќе станат помудри и поупорни во постигнувањето на своите цели. Притисокот што го чувствуваа во последно време ќе исчезне.

Риби

Родените во знакот Риби ќе одат со полна пареа напред кон своите цели, без многу двоумење и несигурност. Некои би можеле позитивно да ги променат своите животи од темел.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.