Шест и пол години Македонија понижувана, угнетувана, ограбувана. СДС уништи се, и ја уназади Македонија. За 6 и пол години колку што е СДС на власт растот на БДП по глава на жител во Македонија е само 20%, додека кај земјите во регионот над 50%. Нема поголем доказ дека 6 и пол години Македонија ја водат неспособни и криминални луѓе од ова, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

6 и пол години нема учебници за учениците, се краде на болните од рак, субвенции доцнат. Време е да се случат промени. Време е Македонија да се исправи. Од денес почнува последната битка за промените.

 

Ги повикуваме сите граѓани во 20 часот на платото пред влада на голем сенароден митинг да и порачаме на власта дека нејзиното време заврши. ВМРО-ДПМНЕ има план и програма да донесе просперитет. За Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце! – соопштија од партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.