Полициски службеници на СВР Тетово на 14 фавруари, околу 16.20 часот во близина на угостителски објект во тетовска Мала Речица ги лишиле од слобода Ј.Ј.(19) од Тетово и тројца малолетници од Тетово и селата Ларце и Непроштено.

Како што соопшти МВР, лишените лица десетина минути пред тоа биле забележани на локалниот пат Палчиште-Камењане како се движат со противправно одземеното возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на државна институција, а пријавено вчера.

Тие не испочитувале наредби за запирање дадени од полициски службеници и притоа оштетиле две полициски возила и повредиле тројца полициски службеници на СВР Тетово.

Четворицата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, а полициските службеници се пренесени во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.