Француските власти во неделата го отстранија знамето на ЕУ од Триумфалната капија во Париз, откако десничарите го обвинија претседателот Емануел Макрон дека го „бришел“ францускиот идентитет. Големото знаме на ЕУ ја замени француската национална тробојка на новогодишната ноќ за да го означи почетокот на француското претседателство со ЕУ во следните шест месеци.

Триумфалната капија под која се наоѓа гробот на непознат херој, како и другите париски знаменитости како Ајфеловата кула и Пантеонот исто така се осветлени со сина европска боја и жолти ѕвезди. Но, десничарските ривали на Макрон тоа го гледаат како навреда за ветераните и националното наследство.

Да, претседателство со Европа, бришење на францускиот идентитет, твитна Валери Пекрес, конзервативна кандидатка и, според анкетите, главен противник на Макрон на изборите, пренесува Јутарњи лист.

Таа го повика да го врати француското знаме, велејќи: „Го должиме тоа на нашите војници кои ја пролеаа својата крв за неа“.

Марин Ле Пен, претседателка на ултрадесничарската француска партија Национална алијанса (РН), протестираше против кревањето на знамето на Европската унија на Триумфалната капија како дел од почетокот на шестмесечното француско претседателство со ЕУ.

Други политичари од францускиот десничарски политички спектар ѝ се придружија на Ле Пен, која покажува дека е главниот ривал на претседателот Емануел Макрон на пролетните претседателски избори, лути поради знамето на ЕУ што се вее на националниот споменик, објави Ројтерс.

Украсувањето на Триумфалната порта со бојата на Европската Унија, без државното знаме, е напад на идентитетот на нашата нација, бидејќи овој споменик е поставен во чест на нашите воени победи и таму се наоѓа гробот на непознатиот војник, се вели во соопштението на Ле Пен.

Државниот секретар во Министерството за европски прашања Клемен Бон изјави дека знамето на ЕУ привремено ќе биде на Триумфалната капија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.