Премиерот на Хаити, Ариел Анри, преживеал атентат за време на прославата на Денот на независноста на оваа островска држава. Во пукањето што се случило пред катедралата во градот Гонаив загинал најмалку еден човек, а неколкумина се ранети.

Според извештаите на локалните медиуми, вооружена банда, којашто делува на подрачјето каде што се наоѓа катедралата го предупредиле премиерот да не доаѓа.

По обидот за убиство на Анри, властите ги откажале останатите случувања во рамки на одбележувањето денот кога Хаити се ослободи од француската колонијална власт во 1804 година.

Сериозната политичка криза, што на Хаити трае веќе неколку години, кулминираше со убиството на претседателот Жовнел Моиз на 7 јули 2021 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.