Министерството за одбрана на Германија соопшти дека земјата ќе ги стави своите војници во силите за брза реакција на НАТО во зголемена готовност, овозможувајќи им побрзо да се распоредат за да ги заштитат источноевропските сојузници во случај на ескалација на тензиите со Русија.

Од Министерството соопштија дека одлуката, донесена во тесна соработка со сојузниците на НАТО, е реакција на однесувањето на Русија и има за цел да го намали времето потребно за подготовка за распоредување во случај на активирање на силите за одговор на НАТО (НРФ).

Зголемената подготвеност за распоредување му овозможува на НАТО, во случај на натамошна ескалација од страна на Русија, да гарантира соодветно уверување особено на нашите источноевропски сојузници со цел да се заштити сојузничката територија – се вели во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.