Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека време е НАТО да донесе политичка одлука и да ја повика Украина да се приклучи на воената алијанса.
На заедничката прес-конференција во Киев со шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, украинскиот лидер рече дека самитот на НАТО во јули во Вилнус може да стане „историски“ и додаде дека добил покана да присуствува.
Благодарен сум за поканата да го посетам самитот, но исто така е важно Украина да добие соодветна покана. Не постои ниту една објективна пречка за политичката одлука да се покани Украина во Алијансата и сега кога мнозинството луѓе во земјите на НАТО и мнозинството Украинци поддржуваат влез во НАТО, време е за такви соодветни одлуки, рече Зеленски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.