Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го свика Советот за реинтеграција на украинските територии за да разговара за враќањето на украинската контрола над Крим и рече дека ослободувањето на полуостровот, кој во 2014 година на референдум се припои кон Русија, „секако ќе се случи“.

Зеленски зборуваше на состанокот во Киев по повод годишнината од масовната депортација на кримските Татари од полуостровот во 1944 година, за време на Советскиот Сојуз.

Зеленски изјави дека сè повеќе земји сфаќаат дека „враќањето на мирот во меѓународните односи, како и целосното владеење на меѓународното право“ ќе биде невозможно без враќање на Крим на Украина.

Продолжуваме со нашата работа за ослободување на Крим. Ова секако ќе се случи – целосно враќање на Крим во украинскиот државен систем. Се подготвуваме за реинтеграција на Крим. Потпишав указ за Советодавниот совет за реинтеграција и деокупација на нашиот Крим и градот Севастопол“, изјави Зеленски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.