Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал Телеграм објави дека „никој не може да се чувствува безбедно додека Русија не биде поразена“ и додаде дека војната мора да заврши со „нов Нирнберг“, мислејќи на судењето на нацистичките лидери по крајот на Втората светска војна во познатиот „Нирнбершки процес“.

Секоја манифестација на руски терор, секој ден на агресија е дополнителен аргумент за тврдењето дека сето ова мора да заврши со трибунал – нов Нирнберг против русизмот.

 

Тоа мора да биде судење на оние кои уништуваат животи и луѓе, кои пукаат ракети врз музеи и наведувани бомби врз цркви. Русија мора да загуби. Светот не може да има друга цел“, изјави украинскиот претседател Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.