Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон со кој се ограничува известувањето за движењето на војниците и воената опрема, освен ако таквите информации не бидат објавени или одобрени од Генералштабот.
Државната новинска агенција „Укринформ“ објави дека законот предвидува затворски казни од три до осум години за прекршување на забраната.
Законот забранува „неовластено ширење информации за насоката, движењето на меѓународната воена помош за Украина, движењето или распоредувањето на Вооружените сили на Украина или други воени формации на Украина, извршени за време на воена или вонредна состојба – пишува „Укринформ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.