Лидерот на Луганска Народна Република (ЛНР), Леонид Пасечник, истакна дека во моментов нема подготовки за одржување референдум за присоединување на ЛНР кон Русија.

Пасечник посочи дека само негово лично мислење е дека е можен ваков референдум.

Дадов таква изјава, но би сакал да биде јасно: тоа е мое лично мислење. Во моментов ништо не се презема за да се организира таков референдум – изјави Пасечник за новинарите.

Тој посочи дека во моментов клучна цел е прекин на борбите.

Претходно во текот на денот, Пасечник изјави дека на територијата на самопрогласената Луганска Народна Република е можно да се одржи референдум за припојување кон Русија.

Мислам дека во блиска иднина на територијата на Републиката ќе се одржи референдум на кој народот ќе го искористи своето апсолутно уставно право и ќе го каже своето мислење за приклучување кон Руската Федерација – порача Пасечник на средба со странските новинари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.