Војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени се доминантните теми на годинашниот Светски економски форум (СЕФ) што од утре до четврток ќе се оддржи во Давос, јави ДПА.
Меѓу другото, на форумот светските лидери, бизнисмени, политичари и аналитичари ќе разговараат и за последиците од војната врз синџирите за снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната.
Првиот говор на СЕФ годинава му е препуштен на украинскиот претседател Володимир Зеленски, иако тој ќе се реализира онлајн. Подоцна како гости на форумот се очекува да се обратат и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко и неговиот брат Владимир.
Утре претпладне се очекува да зборува и германскиот министер за економија Роберт Хабек кој на панелот ќе објаснува како Германија да стане помалку зависна од руската енергија, пренесува ДПА.
Германскиот канцелар Олаф Шолц говорот во Давос треба да го одржи во четврток.
На четиридневниот состанок во швајцарските Алпи, за меѓународните проблеми ќе разговараат речиси 2.500 учесници од политиката, бизнисот и општеството.
Мотото на овогодинешниот состанок е „Историјата во пресвртна точка: владини политики и бизнис стратегии“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.