Руски професор по политички науки тврди дека војната во Украина едноставно би можела да ескалира во поголем конфликт, што ќе и овозможи на руската армија да ја тестира и спореди својата моќ со НАТО.

Алексеј Фененко, вонреден професор на Факултетот за светска политика на Московскиот државен универзитет и научен соработник на Институтот за меѓународни безбедносни студии, во емисија на каналот „Русија 1“ пизлезе со неверојатно тврдење.

„Сметам дека војната во Украина е тест за можен светски конфликт во иднина. Го тестираме нашето оружје против НАТО и ќе дознаеме колку е нашето оружје посилно од нивното“, вели професорот. Тоа би можело да биде добро искуство за учење за идните конфликти“, додаде тој, а пренесе Дејли мејл.

Оваа необична изјава е последниот пример на обидот на Кремљ да го контролира наративот за војната во Украина, во која силите на Путин претрпеа повеќе загуби отколку што очигледно очекуваа, коментира Дејли меил. Во моментов, руските војници се изложени на контранапади во областите на Харков, Доњецк и Луганск.

Ова се случува веднаш откако пензиониран командант во емисија изјави дека Украина не треба да ја потценува руската воена и економска моќ, и покрај фактот што само неколку дена претходно даде омаловажувачка оценка за воените напори на Русија.

Според последниот извештај на Генералштабот на украинските вооружени сили, Русија загубила над 28.000 војници. Украинските војници уништиле 1.263 тенкови, 3.090 оклопни возила, 204 авиони, 168 хеликоптери и стотици артилериски и ракетни фрлачи. Невозможно е да се проверат овие бројки од независни извори, а западните разузнавачки податоци наведуваат дека загубите на руските војници биле меѓу 7.000 и 15.000 до крајот на март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.